Со благослов на Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, свештеномонасите Агатон Апостоловски, Атанасиј Арсоски и Иринеј Стефановски од Скопската епархија, од 18 до 20 септември 2024 година престојуваа во светогорскиот манастир Хиландар, со цел да ја преземат Богородичната икона “Троеручица”, која треба да пристигне во Скопје. Заедно со нив се: Драган Саревски-Андрески, Бобан Богдановски-Андрески и Милчо Велков од Скопје.
Денес претпладне, во придружба на хиландарскиот игумен, архимандрит Методиј, со дел од манастирското братството, спомнатите свештеномонаси и верници на Скопска епархија тргнаа со иконата од Света Гора кон Македонија, а свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот “Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје.