Богословски предавања во текот на Великиот Пост во Крушево

И оваа година, како и минатата, во текот на Великиот Пост, во Крушевско-демирхисарската епархија ќе се одржи серија од богословски предавања. Предавањата се закажани во неделите од светата Четириесетница, а ќе се одржуваат во храмот „Св. Никола“ во Крушево, по вечерната богослужба. Умилителната вечерна богослужба започнува во 16 часот, а предавањата во 17 часот.

Распоредот на предавањата е следниот:

  • Недела на Православието (9 март 2025) – Негово Високопреосвештенство Митрополит Крушевски и Демирхисарски г. Јован, на тема: „Светата четитириесетница како мегдан за духовна борба”
  • Недела на Св. Григориј Палама (16 март 2025) – дипломиран теолог Благоја Атанасоски на тема: „Обожението на човековата личност, преку Божјите несоздадени енергии”
  • Недела крстопоклона (23 март 2025) – Протопрезвитер Иван Цветковиќ од Српската Православна Црква на тема: „Постанокот и значењето на светата Четириесетница”
  • Недела на Св. Јован Лествичник (30 март 2025) – Неговото Високопреосвештенство Митрополитот диселдорфски и на цела Германија г. Григориј од Српската Православна Црква на тема: „Странец во шумата”
  • Недела на Св. Марија Египетска (6 април 2025) – Протоѓакон проф. др. Ратомир Грозданоски на тема: „Блаженствата срце на Новиот Завет – Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога“

Извор: https://krushdem.org/2025/02/21/raspored-na-predavanjata-po-umilitelnite-vecherni-bogosluzhbi-vo-nedelite-na-svetata-chetiriesetnica-2025/