Божествена Литургија во манастирот Свети Леонтиј, во Водоча

Денес, на празникот Раѓање на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Света Божествена Литургија во манастирот на Свети Леонтиј Струмички во Водоча.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

На предлог на Митрополитот Струмички г. Наум, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одликуваше протојерејот о.Константин (Митев) со право на носење граден крст. Согласно оваа одлука викарниот епископ Стобиски г. Јаков на литургијата, дарувајќи му граден крст, зборуваше за посветеноста во служењето на Црквата на о. Константин и усрдноста во носењето на крстот Христов.

Извор: https://www.facebook.com/tiveriopol.mk/posts/pfbid0cYQAcjqucQ6DLMPRhYtj9hhXYbxvvGDgfwQqYaRAwsNerA2fgopMiJDBQv3d4PShl