Божикен прием на државниот врв

На 9 јануари 2026 години, трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден, приреди традиционален божикен ручек за државниот врв.

На божикната трпеза присуствуваа претседателката на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот на Македонија г. Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието на Македонија г. Африм Гаши, како и Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/boziken-priem-na-drzavniot-vrv-2026/