На 7 јануари 2026 година, во денот кога Црквата го прославува Рождеството Христово – Божик, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари неформална средба на која присуствуваа: претседателот на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, поранешниот претседател г. Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга г-ѓа Маја Иванова, Вицепремиерот за политички систем г. Љупчо Димовски, Министерот за внатрешни работи г. Панче Тошковски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска и градоначалникот на град Скопје г. Орце Ѓорѓиевски.
Средбата помина во пријатна, празнична атмосфера.





Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/bozikna-sredba-2026/
