Божикно издание на „Православна светлина“ – списанието на Повардарската епархија

Излезе од печат Божикното издание на списанието „Православна Светлина“ – известува Повардарската епархија преку својот интернет сајт.

Во новиот број се сместени содржини со кои верниците би се запознале што е можно подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на светата Православна Црква, со цел да се придонесе за што поголем интерес на верниците за практикување на православната христијанска вера. Во рамките на овој број се обработени повеќе теми од нашата православна христијанска вера, а со посебен нагласок на празнувањето на Рождеството на нашиот Спасител, Господ Исус Христос – Божик.

„Се надеваме дека и ова Божикно издание на ’Православна Светлина’, ќе ја зголеми радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот“ – велат од Повардарската епархија.

Бесплатниот примерок од списанието можете да се најде во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија, а во електронска форма е достапно бесплатно на следнава адреса: https://drive.google.com/file/d/1EdSgladZvfsXq06TZ8UDFO92MCRrKeJH/view

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3089&Itemid=32