Неговата Сесветост, Цариградскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, штом беше известен за трагичната несреќа што се случи на разденување во угостителски објект во градот Кочани, при што го загубија животот 59 лица, а повеќе од 100 беа повредени, испрати телеграми со сочувство до Претседателката на државата, нејзината екселенција г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова и до надлежниот архијереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
„Неговата Сесветост се моли Семилостивиот Бог да ги упокои душите на жртвите и да им даде утеха на нивните семејства, како и да дарува брзо закрепнување на повредените. Воедно, изразува сочувство и поддршка и од свое име, и од името на Светата Велика Црква Христова, до народот на Северна Македонија, потресен од оваа трагедија“ – се вели во соопштението објавено на интернет страницата на Цариградската Патријаршија.
Извор: https://ec-patr.org/ο-οικουμενικός-πατριάρχης-εκφράζει-τ-3/