Во четвртокот, на 2 октомври 2025 година, во организација на Македонската православна младина на Австралија (MOYA), а со поддршка на Македонската православна заедница за Мелбурн и Викторија се одржа час по веронаука за најмладите членови на МОYA.
Часот се одржа во просториите на Културниот центар при храмот во Епинг и истиот беше посветен на темата за Чесниот Христов крст.
Веронауката ја водеше јерејот Климент Станковски, кој на децата им зборуваше за значењето на Чесниот Крст во христијанската вера.












Извор: https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/час-по-веронаука-за-најмалите-членови/
