Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан и во текот на Новото 2025 лето Господово продолжува започнатата едиција на часови по Православна веронаука во помошните административни простории при храмот „Свети пророк Илија“, во населбата Аеродром, во Скопје.
Запознајте се со православната вера!
Тековни предавања за месец април, 2025 година:
9 април – Толкување на Символот на верата – 10 член
+ Старозаветна историја: Цар Соломон (3 Цар. гл. 2-11)
+ Читање и толкување на Новиот завет – 10 глава од Евангелието според Матеј
16 април – Толкување на Символот на верата – 11 член
+ Старозаветна историја: Еврејското царство се дели на јудејско и израилско
+ Читање и толкување на Новиот завет – 11 глава од Евангелието според Матеј
23 април – Толкување на Символот на верата – 12 член
+ Старозаветна историја: Старозаветните пророци
+ Читање и толкување на Новиот завет – 12 глава од Евангелието според Матеј
30 април – Устројство на Црквата
+ Старозаветна историја: Пророците Илија и Елисеј
+ Читање и толкување на Новиот завет – 13 глава од Евангелието според Матеј
Часовите се одржуваат секоја среда во 18:00 часот, во храмот „Свети пророк Илија“, до Поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Стар Аеродром, општина Аеродром, Скопје.
