Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, од почетокот на октомври годинава, во храмот „Свети пророк Илија“ во скопската населба Аеродром повторно започнаа да се одржуваат часови по Православна веронаука.
Предавањата се одржуваат секоја среда во 18:00 часот. Храмот „Свети пророк Илија“ се наоѓа до Поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Стар Аеродром, општина Аеродром, во Скопје.
Предвидени предавања за месец декември 2024 година:
- 4 декември – за постот и молитвата
Старозаветна историја кн. Битие гл. 25-33 (Браќата Јаков и Исав) - 11 декември – вселенските собори
Старозаветна историја кн. Битие гл. 37-41 (Синовите на Јакова) - 18 декември – никеоцариградски символ на верата
Старозаветна историја кн. Битие гл. 42-50 (Јосиф и неговите браќа во Египет) - 25 декември – толкување на првиот член од символот на верата
„Верувам во Единиот Бог Отец Седржител, Творец на небото и на земјата и на сè видливо и невидливо“
Библиска историја кн. Јов гл. 1-42 (Многустрадалниот Јов)