Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, во храмот „Св. Јован Крстител“ во скопската населба Капиштец се одржуваат часови по веронаука за деца од основно училиште.
Наставата ја води презвитерата Милка Манојловиќ, магистер по теологија, а часовите почнуваат во 17 часот секоја сабота.
