Честитка до Архиепископот Стефан од Европската епархија

До Неговото Блаженство
Архиепископот Охридски и Македонски
г. г. Стефан

Ч Е С Т И Т К А

Ваше Блаженство,

По повод 40-годишниот јубилеј од Вашата епископска служба, во името на Европската епархија Ви упатуваме искрени честитки и благодарност за Вашето долгогодишно и посветено архипастирско служење на Светата Црква.

Му благодариме на Бога за Вашата вера, мудрост и љубов со кои низ сите овие години ја извршувате доверената Ви служба. Се молиме Господ и понатаму да Ве укрепува, да Ви дарува добро здравје, духовна сила и долг живот, за уште многу години да служите на Светата Црква и на верниот народ.

На многаја и благаја лета,
Ваше Блаженство!

Со молитви и братска љубов,
од името на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Европски г. Пимен,
свештенството, сиот клир и сите верни чеда на Богомдаруваната ни Европска епархија.