До Неговата Светост
Патријарх Бугарски г.г. Даниил
Ваша Светост,
Од името на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, од Свое и од името на целата полнота на нашата Помесна Црква, Ви го честитаме именденот на Вашиот небесен закрилник – преподобниот Даниил Столпник.
Срдечно честитајќи Ви го именденот Ви посакуваме добро здравје, мирни денови и долги години да служите на престолот на сестринската Бугарска Црква, постојано укрепувани од застапништвото на Мајката Божја, Пресветата Богородица, како и од Милостивиот Спасител Господ Исус Христос.
Со љубов во Господа, Ваш брат и сомолитвеник,
Архиепископ Охридски и Македонски
Стефан
