ДО НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО,
МИТРОПОЛИТ КИЕВСКИ И НА ЦЕЛА УКРАИНА
Г. ОНУФРИЈ
Ваше Блаженство, возљубен брате и сослужителу пред Престолот Божји,
По премудрата Божја промисла веќе дванаесет години духовно управувате со кормилото на Украинската Православна Црква. Во тој период се покажавте како краеуголен камен, кој, и покрај сите искушенија цврсто ја сведочи Евангелската правда и вистина.
Ваше Блаженство,
Од Свое, како и од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви ја честитаме годишнината и Ви посакуваме уште долги години да ги сведочите вистината, љубовта и долготрпението, како пред Вашите собраќа архијереи и доверениот Ви од Бога народ, така и пред сите луѓе со добра волја.
Поздравувајќи Ве, Ви посакуваме добро здравје и изобилни добрини од Господа.
Со братска љубов во Христа Господа,
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН
