Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, спроти празникот на светиот апостол Вартоломеј и именденот на Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, а по тој повод испрати честитки и благопожелби.
Исто така, на Неговата Сесветост му се честитаат и значајните јубилеи што годинава ги одбележува – 35 години од Неговото патријаршиско служење на престолот на Великата Христова Црква и 65 години од почетокот на Неговата свештеничка служба.
Во честитката се изразуваат молитвени благопожелби за добро здравје, духовна крепост и уште многу години плодоносно патријаршиско служење.
Од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА
