Честитка од Архиепископот Стефан до Романскиот Патријарх Даниел

До Неговото Блаженство,
Патријарх Романски г. Даниел

Ваше Блаженство,

Од името на Светиот архијерејски синод, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија како и од Свое име, а по повод празникот на Вашиот небесен закрилник – св. пророк Даниил, Ви го честитаме именденот посакувајќи Ви изобилни добрини од Господа.

Вашите архипастирски заложби за Светата Романска земја, се поткрепа на романскиот православен народ, покажувајќи Ве како добар пастир и претстојател.

Поздравувајќи Ве, срдечно посакуваме Божјата милост да Ве обдари со сила и мудрост, за уште долги години правилно да раководите со словото на Неговата Вистина.

Со љубов во Христа Господа,

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН