Честитка од Архипископот Стефан до новоизбраниот Папа Римски Лав XIV

До Неговата Светост
Папа Лав XIV
Света Столица

Ваша Светост,

Ни претставува чест да Ви се обратиме по повод Вашиот избор за Поглавар на Католичката Црква.

Дозволете Ни во овој историски момент за Вас, од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ви го честитаме изборот за 267-ми папа на римската столица.

Со изборот на Вашата Светост, Католичката Црква доби достоен наследник на блаженоупокоениот Папа Франциск, кој, веруваме, ќе ги продолжи и надгради неговите дела и мисија.

Триединиот Бог нека Ве дарува со боговдахновена, смирена, плодородна и долговечна служба, пројавена преку Вашата молитвена грижа и ревност за Неговиот народ и Неговиот Дом.

Архиепископ Охридски и Македонски
СТЕФАН

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/честитка-од-архипископот-стефан-до-но/