Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Волоколамски Антониј, Претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, на 29 мај 2026 година упати писмо до Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар, со кое му ја честита 80 годишнината од неговото раѓање.
Во продолжение го пренесуваме преводот на ова писмо.
До
Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот Преспанско-пелагониски
г. ПетарВаше Високопреосвештенство, драг Владико,
Срдечно Ви ја честитам 80-годишнината од Вашето раѓање.
Оваа истакната животна граница, Вие ја дочекувате како најстар архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, кој ужива највисок авторитет меѓу собраќата архипастири.
Искрената љубов на верниците ги стекнавте преку Вашата долгогодишна ревносна грижа за зачувувањето на светињите и духовното наследство на македонскиот народ, за воведувањето на младите поколенија во светата православна вера, за унапредувањето на духовното образование и за христијанското сведоштво пред современиот свет, та словото Господово да се шири и слави (2Сол. 3, 1).
Многу години Вие посветивте на макотрпната работа на црковното уредување на македонската дијаспора во скандинавските и западноевропските земји, во Австралија и Нов Зеланд, украсувајќи ги тие краишта, како и древната Преспанска земја, со бројни свети храмови и монашки заедници.
Како на претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, особено ми е драго да го истакнам значајниот придонес на Вашето Високопреосвештенство за развојот на односите меѓу нашите Цркви.
Во овој за Вас торжествен ден молитвено Ви посакувам мир, благодатно укрепување на телесните сили и штедра Божја помош во Вашето високо и одговорно архипастирско служење.
Со братска љубов во Господа,
Претседател
на Одделот за надворешни црковни врски
на Московската Патријаршија
Митрополит Волоколамски
Антониј

