Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија, Митрополитот Волоколамски Антониј, упати честитка до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан по повод неговиот именден.
Во честитката, објавена на интернет страницата на Одделот, се вели:
Ваше Блаженство!
Срдечно Ве поздравувам по повод денот на Вашиот именден.
Молитвеното заштитништво на Вашиот небесен покровител, светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан, е неизменлив сопатник на Вашето Блаженство во духовното лозје на Македонската Православна Црква.
Водени одозгора по застапништвото на овој голем светител, Вие, исто како и тој, ревносно се грижите за утврдувањето на Вашето паство во спасителната апостолска вера, за да се шири словото Божјо, а бројот на верните да се умножува (Дела 6, 7).
Денес, придружувајќи се кон чествувањето на Вашето Блаженство на овој торжествен ден, Ве молам да ги прифатите моите најтопли и најискрени желби за мир, благодатно зајакнување на телесните сили и за неисцрпна Божја помош во Вашата возвишена Претстоителска служба.
Со почит и љубов во Господа,
Претседател на Одделот за надворешни црковни односи
на Московската Патријаршија
Митрополит Волоколамски Антониј