Светејшиот Патријарх Московски и на сета Рус г.г. Кирил упати честитка до Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, по повод неговиот именден. Содржината на ова писмо ја објави интернет страницата на Руската Патријаршија, а во продолжение ја пренесуваме во целост.
До Неговото Блаженство,
Блаженејшиот Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски, Митрополит СкопскиВаше Блаженство, возљубен брате и сослужителе пред Божјиот престол!
Срдечно Ви го честитам именденот – денот на споменот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, чесниот каменот на Црквата, сочуван во небесните ризници (седален на светецот).
Подражавајќи го овој голем угодник Божји, кој со својот животен подвиг покажа пример на непоколеблива верност кон Спасителот, Вие со ревност ја извршувате високата Првосветителска служба и се грижите словото Господово да се шири и да се слави (2Сол. 3, 1).
Во денешниот торжествен ден, молитвено Ви посакувам крепко здравје, душевен мир, благодатна радост и неисцрпна помош од Најштедриот Владика во Вашите понатамошни Претстоителски напори.
Со братска љубов во Христа,
+Кирил
Патријарх Московски и на сета Рус