Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Волаколамскиот митрополит Антониј упати велигденска честитка до поглаварите на Помесните Православни Цркви, меѓу кои и до Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан. Во честитката се вели:
Со почит ви го честитам големиот и светол празник на Светата Пасха и ве поздравувам со зборовите на древното христијанско веселење:
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Во оваа спасителна и блескава ноќ се исполни Предвечниот Совет на Триедниот Бог за спасение на човечкиот род. Воплотениот Син Божји, Кој умре за нас и воскресна во третиот ден, ги ослободи луѓето од ропството на гревот, ја обнови нашата падната природа и ги отвори рајските порти за сите што веруваат во Него.
„Христос слегува од небото, влегува во нас како во гроб, се соединува со нашите души и ги воскреснува“ (Св. Симеон Нов Богослов. Слово 29), за да имаме вистинска слобода во Него и да Му служиме во обновен дух (Рим. 7, 6), очекувајќи вечен и блажен живот со Бога во Невечерниот ден на Неговото Царство.
Воскреснатиот Спасител на светот да Ви дарува здравје и долгоденствие, да Ви пружи штедра помош во архијерејското служење, а сето Ваше христоименито паство да го сочува во мир и благосостојба.
Со почит и љубов во Христа,
Претседател на Одделот за надворешни црковни врски
на Московската патријаршија
Митрополит Волоколамски Антониј