Во манастирот „Св. вмч. Недела“, во село Оровник, Охридско свечено беа донесени моштите на светата великомаченица Недела, во попладневните часови на саботата, 25 април 2026 година. Моштите беа пречекани во храмот „Св. Илија“ во с. Оровник, од каде со свечена литија беа пренесени до манастирот, каде беа изложени за поклонение.
По литијата се одржа вечерна богослужба, а свеченоста заврши со културно-уметнички програма.
Во неделата, на 26 април, во манастирот беше отслужена света архијерејска Литургија, на која началствуваше митрополитот Преспанско-пелагониски Петар, во сослужение со надлежниот архијереј, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и Епископот Хераклејски г. Климент.
И на вечерната богослужба и на Литургијата учествуваа голем број на верници од целиот регион.
Овој свет чин се реализира на иницијатива на Црковниот одбор при манастирот „Св. Недела“ во Оровник, семејството Нелоски, свештенството од Дебарско-кичевската епархија, со благослов на митрополитите г. Георгиј и г. Петар и поддршка на локалната заедница, општина Дебарца и бројни помагатели – соопштува „Охрид њуз“.













































