Чествување на Свети Спасо Радовишки

На 20 август 2024 година, на навечерието на празникот на Светиот Анастасиј (Спасо) Радовишки, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи празнична вечерна богослужба, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот „Света Троица“ во Радовиш.

На крајот од вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието, а по вечерната богослужба со иконата на светиот Спасо Радовишки се изврши литија до параклисот „Св. Спасо Радовишки”, кој се наоѓа на плоштадот во Радовиш, каде Митрополитот Иларион отслужи молебен, а во присуство на многуброен верен народ.

Потоа во храмот „Света Троица“ беше одржана Духовна академија, по повод празникот на градот Радовиш.

На 21 август, на самиот ден на празнувањето на Свети Спасо Радовишки, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Иларион отслужи света архијерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот „Св. Троица“ во Радовиш.

На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а потоа го благослови и пресече празничниот леб.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/