На 20 август 2025 година, во навечерието на празникот на светиот Спасо Радовишки, кој е заштитник на градот Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи празнична Вечерна богослужба во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија во храмот „Света Троица“ во Радовиш.
На вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа.
По вечерната богослужба, со иконата на светиот Спасо Радовишки беше извршена литија до параклисот посветен на свети Спасо Радовишки, кој се наоѓа на плоштадот во Радовиш, каде Митрополитот Иларион отслужи молебен во присуство на многуброен верен народ. Потоа Митрополитот и свештенството присуствуваа на концертот на староградски песни, по повод празникот на градот Радовиш, кој се одржа на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“.
На самиот ден на празникот на светиот новомаченик, Митрополитот Иларион отслужи света архијерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот „Света Троица“ во Радовиш. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а потоа го благослови и пресече празничниот леб.



































