22.03.2025 година, кога го празнуваме споменот на светите Четириесет Севастиски маченици (Младенци), во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше на светата заупокоена литургија во сослужение на митрополитот Европски г. Пимен и надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На Божествената Литургија беседа произнесе Митрополитот г. Агатангел.
По литургијата се отслужи трисагија за починатите во Кочани и се принесоа и молитви за оздравување на сите кои се по болниците.
















Извор: https://tge.mk/product/chetirieset-sevastiski-machenitsi-mladentsi
