Во петокот, на 31 октомври 2025 година, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ се одржа четвртиот меѓународен монашки собор.
Овој сеправославен монашки собор го организира Врањската епархија на Српската Православна Црква, во соработка со Светогорскиот манастир Хиландар, а под покровителство на Светиот архијерејски синод на Српската Црква. Целта на соборот, како што вели организаторот, е: зачувување и унапредување на автентичното монашко предание.
На соборот свое излагање имаше и Неговото Преосвештенство епископот Дремвицки г. Давид, на тема: „Убавината како присуство (православното монаштво – автентичен израз на убавината)“.
Помеѓу останатите излагачи беа старецот Патапиј, од скитот „Света Троица“ на Света Гора, архимандритот Захарија, духовникот на манастирот „Св. Јован Претеча“ во Есекс, Англија и сестринството на манастирот „Св. првомаченик Стефан“ – Жапско.



Извор: https://www.monaskisabor.rs/cetvrti-svetoprohorski-monaski-sabor-pocinje-sa-radom/ и https://www.facebook.com/man.uspenie
