На 12.03.2025 Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир оствари средба со г. Зоран Љутков – министер за култура во владата на Р. Македонија.
Митрополитот г. Јосиф и министерот г. Зоран Љутков извршија увид на започнатите градежни активности кои ги реализира Kонзерваторскиот центар на Стариот конак, кој е заштитен со закон, и на црквата Успение на Пресвета Богородица од 14 век, која има историски значаен фрескоживопис, на кој сè уште се работи на конзерваторски и истражувачки работи.
Во оваа прилика митрополитот г. Јосиф му се заблагодари на министерот на грижата за ова значајно светилиште за Тетовско-гостиварската епархија при МПЦ-ОА.






Извор: https://tge.mk/product/credba-so-gzoran-ljutkov-minister-za-kultura-vo-vladata-na-r-makedonija