На 28.4.2024 година, кога Црквата го слави Влегувањето Господово во Ерусалим – Цветници, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше на Светата Златоустова Литургија во храмот „Свети Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров.
На Светата Литургија во протојерејски чин беше ракопроизведен јерејот Игор Пачовски.
По Литургијата беше одржана Духовна академија.