Дебарско-кичевската епархија со поддршка за органодарителството

По повод Светскиот ден на органодарителството, Дебарско-кичевската епархија упати повик за поддршка на органодарителството, истакнувајќи го како израз на љубовта, солидарноста и грижата за животот и ближниот.

Од Епархијата посочуваат дека органодарителството претставува благороден чин преку кој, дури и во најтешките животни околности, може да се подари надеж и нова можност за живот на луѓето кои се соочуваат со тешки заболувања.

„Како христијани, повикани сме да ја негуваме културата на милосрдие и несебично дарување“, се наведува во пораката, при што се потсетува на Христовата заповед: „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели“ (Јован 15,13).

Дебарско-кичевската епархија воедно ја изрази својата поддршка кон сите кои, преку личниот пример и ангажманот, придонесуваат за подигнување на свеста за значењето на органодарителството и за спасувањето на човечки животи.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1CRSQhdp2B/