Дела на свети Јован Златоуст – нови изданија од Повардарската епархија

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес излегоа од печат третиот и четвртиот том од „Делата на свети Јован Златоуст“ кои со векови наназад се неодминлива духовна храна за секој искрен и посветен православен верник, насекаде во светот.

Свети Јован Златоуст е „златната уста“, односно „духовната труба“ на Православието, воопшто. Тој е еден од најголемите, најпочитуваните, најчитаните, најцитираните и најзначајните Свети Отци и Учители на Црквата Христова, и затоа сме радосни бидејќи за првпат на македонски јазик се издава едно вакво значајно капитално дело, потпишано од овој голем Светител и сенароден Учител. Останатите четири тома, од вкупно осумте, кои како цела едиција во најблиска иднина ќе бидат испечатени и издадени, се во фаза на подготовка – известуваат од Повардарската епархија. Овие два тома ги преведоа свештеник Јани Мулев и Анета Ѓеорѓиевска-Наковска.

Целата едиција од осумте тома од „Делата на Свети Јован Златоуст“ се свечено издание на Повардарската епархија по повод официјалното признавање на автокефалноста на нашата света Македонска православна црква – Охридска архиепископија.

Цената на книгите е 800 денари по том, а може да се нарачаат преку телефон 043 221 231, преку е-пошта:  [email protected] или преку Фејсбук профилот на Повардарската епархија.

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3078&Itemid=32