Фотографии: bregalnickaeparhija.org.mk
На 30 јуни 2024 година, кога Бугарската православна црква имаше избор на нов Митрополит Софиски и Патријарх Бугарски, делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, составена од Високопреосвештените Митрополити Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Брегалнички г. Иларион, присуствуваше при изборот на новиот Патријарх на Бугарската православна црква.
Од името на Македонската православна црква, делегацијата на новоизбраниот Патријарх Бугарски му подари рачно изработена икона – Богородица Пелагонитиса.
На многаја и благаја лета на новоизбраниот Митрополит Софиски и Патријарх Бугарски г.г. Даниил.