Стриминг платформата Logos Cinema, посветена на филмски остварувања со христијанска тематика, ја збогати својата понуда со документарниот филм насловен „Чародејание“ (Sorcery), во продукција на Кумановско-осоговска епархија, со благослов на Неговото Високопреосвештенсво Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј. Филмот, кој од неодамна е достапен за гледање, нуди сериозен аналитички пристап кон феноменот на окултизмот и неговото влијание врз современото општество.
Целта на ова остварување е да понуди јасна дистинкција меѓу суеверието и автентичниот духовен живот во Црквата. Истакнувајќи ги Светата Евхаристијата како единствени вистински извори на благодат и заштита.
Филмот ги поттикнува гледачите на преиспитување на нивните духовни приоритети во ера на силна медиумска изложеност на окултни содржини. Филмот е целосно подготвен за онлајн емитување и е достапен за сите заинтересирани корисници на официјалната веб-страница на платформата Logos Cinema.
Заинтересираните читатели можат да го погледнат документарецот директно на следниот линк: https://www.logoscinema.com/titles/sorcery
Ова е уште една во низата содржини на Logos Cinema кои имаат за цел да понудат алтернатива на масовната продукција, насочувајќи го вниманието на публиката кон теми кои се од суштинско значење за христијанскиот етос и светоглед.
