Го претставуваме документарниот филм посветен на архимандрит Методиј Петров, Македонец, кој одигра голема улога во современата обнова на Валаамскиот манастир во Русија.
Во годините на неговата неуморна дејност, тој се покажа како омилен духовник меѓу рускиот народ. Следствено, неговата личност е од исклучителна важност за нераскинливата близина на рускиот и на македонскиот народ. Филмот мошне впечатливо ја изразува благодарноста на целокупното руско општество за присуството и за духовничката дејност на македонскиот монах – отец Методиј.
Во филмот зборуваат Рускиот Патријарх г.г. Кирил, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, министерот за надворешни работи на Руската Федерација г. Сергеј Лавров и архијереи, монаси и свештеници од Македонија и од Русија и други видни личности.
Филмот е изработен во 2022 година за Валаамскиот манастир, а на каналот на Кумановско-осоговската епархија е објавен со превод на македонски јазик.