На 15.09.2024 г., на празникот „Собор на сите српски светители“, во манастирот „Свети Николај Жички“ во Соко Град, молитвено е прославен двaесетгодишниот јубилеј од осветувањето на овој манастир, задужбина на блаженоупокоениот Епископ шабачки г. Лаврентиј.
Со светата архиерејска Литургија началствуваше Високопреосвештениот Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралискo-новозеландски г. Петар, во сослужување со Високопреосвештениот Митрополит Зворничко-тузлански г. Фотиј и преосвештените епископи Осијечко-пољски и барањски г. Херувим и Шабачки г. Јеротеј, домаќините на овој собир, како и свештеници од преспаснко-пелагониската, ваљевската и шабачката епархија.
На Светата Литургија присуствуваше и мати Гликерија, игуманија на манастира Ќелије, со сестринството на оваа свештена обител, ктиторите и добротворите на манастирот „Свети Николај“, како и многуброен народ од Шабачката Епархија.
Извор: http://www.pppe.mk/2024/dvaeset-godini-od-osvetuvaneto-na-manastirot-sveti-nikolaj-vo-soko-grad/