Во саботата, на 22 ноември 2025 година, во манастирот Св. Климент и Пантелејмон – Плаошник, се отслужи Света Заупокоена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар и Митрополит Повардарски г. Агатангел.
По литургијата Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со архијереите и свештенството отслужија парастос на гробот на митрополитот Тимотеј.
Вечен спомен.


































