Епископот Делчевско-каменички г. Марко во посета на Швајцарскатата Епархија на Српската Православна Црква

Во вторник, 24-ти декември 2024 год., на покана од Неговото Преосвештенство Епископот Швајцарски г. Андреј од Српската Православна Црква, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ја посети Швајцарската Епархија.

Најпрво Епископ г. Марко беше достоинствено дочекан во храмот посветен на свети Спиридон епископ Тримитунски во Трст – Италија, каде на утринската служба служеше миланскиот парох. По утрената Епископот г. Андреј со братска љубов му посака топло добредојде на Епископот г. Марко. Епископот домаќин истакна дека оваа посета е од голема важност за зацврстување на понатамошната соработка помеѓу архијереите, свештенството и верниот народ.

Потоа во просториите на Црковната општина во Трст беше одржан братски состанок на Архијерејското намесништво за Италија и Малта. По состанокот на Архиереите и свештенството им беше приредена трпеза, на која продолжија разговорот во пријатна атмосфера.

Епископот г. Марко ќе ја продолжи посетата во Трст и Швајцарската Епархија на прославата на храмовиот празник свети Спиридон Чудотворец во Трст.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1EYCTQiZZh/