Епископот Делчевско-каменички Марко даруваше крв во Делчево

На 3 јули 2025 година, во рамки на крводарителската акција која се одвиваше во просториите на Општинската организација на Црвен крст во Делчево, хуман гест покажа и Епископот на Делчевско-каменичката епархија, Неговото Преосвештенство г. Марко. Заедно со него, крв даруваа и повеќе свештеници и монаси од епархијата.

Со овој чин, духовните водачи испратија силна порака за хуманост, солидарност и грижа за ближниот, особено во летниот период кога потребата за крвни единици е зголемена.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/19NU7BLNZY/