Епископот Делчевско-каменички Марко се сретна со градоначалничката на Македонска Каменица

На 11 ноември 2025 година, епископот Делчевско-каменички, Неговото Преосвештенство г. Марко, ја оствари својата прва официјална средба со новоизбраната градоначалничка на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.

На средбата се разговараше за можностите за позитивно издигнување и напредок на духовниот живот во рамките на Епархијата. Епископот Марко посочи неколку тековни проекти, изразувајќи надеж дека и во иднина ќе ја има поддршката и разбирањето од локалната самоуправа за нивно успешно завршување.

Градоначалничката Стаменкова истакна дека Општина Македонска Каменица останува отворена за соработка со Епархијата и вети континуирана поддршка во процесот на нејзино дооформување и унапредување на нејзиното функционирање.

На средбата беше заеднички констатирано дека Црквата има значајна улога во општествениот живот, особено во градењето на солидарна, единствена и прогресивна заедница.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1Agq1A6EPb/