На третиот ден од Велигден, Неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид началствуваше на светата архијерејска Литургија во манастирот „Св. Јован Крстител” на Српската Православна Црква, во Јасеновац, Хрватска, во сослужение на Епископот Пакрачко-славонски г. Јован и Епископот Буенос-ајрески и Администратор загребско-љубљански г. Кирил, од Српската Православна Црква.
На крајот од Литургијата пред присутните со пригодна беседа се обрати Епископот г. Давид.
Денешниот ден, исто така, е спомен на светите јасеновачки новомаченици.
После Литургијата беше приредена трпеза за политичките претставници, за повеќемина амбасадори и други официјални претставници.
Христос Воскресе!







