Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков присуствува на дводневниот Меѓународен научен собир за преподобниот отец Јустин Ќелиски што се одржува во Белград од 5 до 6 декември.
Во големиот амфитеатар на Православниот богословски факултет во Белград тече собирот посветен на професорот на овој факултет, преподобниот Јустин Поповиќ, по повод на јубилејни датуми: 130 години од раѓањето, 45 години од упокојувањето и 10 години од преносот на моштите.
На свеченото отворање поздравно слово одржа Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј, а потоа се обрати деканот на Православниот богословски факултет, протопрезвитер Зоран Ранковиќ, додека пленарно предавање на тема „Теологијата на преподобниот отец Јустин Ќелиски” одржа Митрополитот бачки г. Иринеј.
На научниот собир, покрај Владиката Јаков присуствуваат и архијереите на Српската православна црква – Митрополитите: врањски Пахомиј, браничевски Игнатиј и рашко-призренски Теодосиј, Епископите: валевски Исихиј, шабачки Јеротеј, мохачки Дамаскин и топлички Петар, игуменијата на манастирот Ќелије, мајка Гликерија со сестринството на манастирот, кои на отворањето на собирот го отпеаја тропарот на преподобниот отец Јустин.
Покрај предавачите од Србија, свое излагање ќе имаат и учесници од Русија, Бугарија и Македонија. Собирот почна со молитва, со Света литургија во капелата на Факултетот Св. Јован Богослов, која ја служеше како Владиката топлички Петар.