На 18 август 2025 година, викарниот епископ Стобиски г. Јаков претстоеше на празничната вечерна служба на покана и во молитвено присуство на надлежниот Митрополит крушевско-демирхисарски г. Јован во храмот посветен на Преображението на Господ Исус Христос, во Крушево.
После вечерната богослужба, архијереите го осветија манастирскиот конак.
На денот на празникот, на Светата Божествена Литургија началствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Јован во сослужение на Неговото Преосвештенство г. Јаков. После заамвоновата молитва, Епископот г. Јаков ја предводеше литијата околу храмот, по што архијереите направија мал водосвет и го благословија грозјето и плодовите, како и празничното коливо.
































