Епископот Јаков на прослава на свети Сава во Париз

Викарниот епископ Стобиски г. Јаков, во предвечерието на празникот на свети Сава, првиот српски Архиепископ, претстоеше на сеноќното бдение, а утредента началствуваше со светата Божествена Литургија во соборната црква „Свети Сава“ во Париз, Франција, со што свечено беа заокружени Светосавските денови. На Литургијата му сослужуваше архијерејот-домаќин Преосвештениот епископ Западноевропски г. Јустин од Српската Православна Црква и свештенството на Западноевропската епархија.

Голем број верници дојдоа да го одбележат празникот посветен на првиот српски архиепископ и голем духовен просветител. По завршувањето на светата Литургија беше прекршен славскиот колач и беа осветени славските дарови по повод храмовата слава на Соборната црква „Свети Сава“.

Епископот Јустин ги одликуваше професорот д-р Дарко Танасковиќ, како и г-ѓа Станица Милисављевиќ и г. Стеван Јаковљевиќ со Видовденското одличје на Западноевропската епархија, додека повеќе заслужни парохјани беа наградени со архијерејски грамоти.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/18APMpgu1H/