Епископот Јаков служеше во Грција

На покана на Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков денеска служеше Света Божествена Литургија во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во градот Дидимотихо, Република Грција, на празникот на Свети Јосиф Обручникот, Свети пророк Давид и Свети Јаков брат Господов, според новиот календар, во сослужение на надлежниот Митрополит, како и со свештенството и монаштвото на Митрополијата на Дидимотихо и на Струмичката православна епархија.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

После Литургијата владиците присуствуваа на Божиќниот концерт организиран од Катихетската школа при Епархијата и на учесниците им поделија божикни подароци.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/17Xc4CqVmg/