Во вторникот на Светлата Седмица, третиот ден Велигден, Неговото Преосвештенство викарниот Епископ Стобиски г. Јаков ја посети КПУ Затвор во Струмица, каде беше пречекан од директорот Зоран Ристов. На вработените и на осудените лица владиката им го честиташе Празникот над празниците, објавувајќи го Воскресението Христово.
„Во Божјите очи никој од нас не е без вина ниту без грев, но Он иако Безгрешен и Совршен, ги зеде на Себе сите наши гревови и слабости. Вистински слободен човек не е оној што е надвор од овие ѕидови, туку оној што се ослободил со Божја помош од гревот и страстите“ – меѓу другото истакна Епископот Јаков во своето обраќање при посетата.















