Црквата „Св. Петка“ во скопската населба Црниче ја прослави својата храмова слава во понеделник, на 27 октомври 2025 година. На Божествената Литургија, со благослов на Неговото Блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, началствуваше Неговото Преосвештенство епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким. Му сослужуваа свештенослужители од Скопската и Дељадровско-илинденската епархија, како и протојереј Јован Марјанац од Српската епархија во Канада.




























