Епископот Марко богослужеше во Црногорско-приморската епархија

Епископот Делчевско-каменички г. Марко на 28-ми октомври 2024 година, го посети манастирот „Свети Стефан Пиперски“ во Црногорско-приморската епархија на Српската православна црква.

Во манастирот беше дочекан достоинствено од игуманијата Јелена заедно со сестрите.

Другиот ден кога Православната Црква го празнува светиот маченик Лонгин Стотник владиката Марко во манастирот отслужи света Божествена Литургија. На Литургијата во манастирот беа присутни и свештенослужители од Романската Православна Црква. По богослужбата сестрите од манастирот имаа приготвено трпеза каде беа поканети сите присутни.

Извор: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0ZMgV3tvJdSZFSsHq8Ky8iFJ7w8zHbCJw1YDumTYAeKiPfxKudXbPgjpsLg7Ffms7l&id=61551990174842