Епископот Марко ги посети социјалните центри во Делчево и Македонска Каменица

На 20 јануари 2026 година, епископот Делчевско-каменички г. Марко ги посети социјалните центри во Делчево и Македонска Каменица, каде што е организиран целодневен престој за лица со посебни потреби.

При посетата, епископот оствари срдечна средба со раководителите и вработените кои секојдневно, со голема посветеност и грижа, се трудат да им обезбедат подобри услови и исполнето секојдневие на децата. Тој се запозна со нивните активности, ги посети работилниците во кои се изработуваат ракотворби и со внимание ги разгледа плодовите на нивниот труд.

Во духот на христијанската љубов, епископот им врачи скромни подароци, а децата, со искрена радост, возвратија и му подарија неколку ракотворби кои самите ги изработиле, како знак на благодарност.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1SmmWHEGXQ/