Во пресрет на празникот на преподобниот Пахомиј Велики, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, во Србија, во средата навечер, на 27 мај 2026 година, беше отслужено празнично ноќно бдение.
Со бдението чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, на покана на домаќинот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот врањски г. Пахомиј од Српската Православна Црква, кој на овој ден го прославува својот именден.
Во продолжение на молитвеното бдение, во раните утрински часови беше отслужена и света архијерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Епископот Марко, во сослужение со Митрополитот Пахомиј, како и свештенослужители од двете Цркви.
На крајот од Литургијата, Епископот Марко му го честиташе именденот на Митрополитот Пахомиј, посакувајќи му добро здравје, мудрост и успешно раководење со Врањската епархија, по молитвите на неговиот небесен заштитник, свети Пахомиј Велики.















