Епископот Марко служеше на храмова слава во Ниш, Србија

Во шестата недела по Духовден, на 20-ти јули 2025 год., кога Православната Црква молитвено го слави споменот на Св. вмч. Недела, по повод празникот во истоимениот храм во нишката населба Паси Пољана, торжествено беше прославена храмовата слава со Божествена Литургија.

Со Светиот Евхаристијски собир началствуваше Негово Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение на епископот домаќин, Неговото Високопреосвештенство Нишкиот Митрополитот г. Арсениј и свештенство од Српската Православна Црква.

На Малиот вход Високопреосвештениот Митрополит Арсениј го ракопроизведе во протопрезвитерски чин пасипољанскиот парох јереј Александар Миленковиќ.

По заамвоната молитва, беа осветени славските дарови и беше прережан славски колач.

Потоа беа доделени одликувања и благодарници на помагачите, ктиторите и дарителите на храмот „Св. Недела“.

По Светата Литургија беше извршен чин на осветување на просториите на новиот парохиски дом.

Извор: https://eparhijaniska.rs/parohije/prvo-nisko-namesnistvo/pasipoljanska-parohija/8945-храмовна-слава-у-паси-пољани-3