Вечерта на 20-ти јули 2025 год., во предвечерието на празникот посветен на св. вмч. Прокопиј, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко служеше на празничната вечерна богослужба во храмот посветен на овој Божји угодник во градот Прокупље, Р. Србија.
На вечерната богослужба молитвено присуствуваше епископот домаќин, Негово Високопреосвештенство Нишкиот Митрополит г. Арсениј, заедно со мноштво верен народ кој ја исполни оваа прокупљанска светиња.
По вечерната богослужба низ шеталиштето на градот се изврши великолепна празнична литија, во која учество зеде голем број на верен народ, представници на градските власти, војската и полицијата. Литија се заврши со враќање на поворката пред храмовата порта, каде Високопреосвештениот Митрополит г. Арсениј имаше свое обраќање кон насобраниот народ, а при тоа не изостави да им ја честита претстојната храмова и градска слава.
Во продолжение на прославата во просториите на Домот на културата се одржа свечана академија, посветена на небесниот заштитник на градот Прокупље, св. вмч. Прокопиј.
На самиот ден на празникот, 21-ви јули 2025 год., Нишкиот Митрополитот Арсениј, служеше Божествена Литургија во храмот посветен на св. вмч. Прокопиј во градот Прокупље.
На Митрополит Арсениј, му сослужуваше Негово Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, како и повеќе свештенослужители: Архимандрит Мардарије (Ковачевиќ), игумен Рафаило (Бољевиќ), протојереј-ставрофор Слободан Петровиќ, протосингел Гаврило (Божиновиќ), протојереј Душко Капларевиќ, јеромонах Јефрем (Шекариќ), протоѓакон Ѓорѓе Филиповиќ и ѓакон Стефан Пекиќ.
По читањето на заамвоната молитва се изврши чин на осветување на принесените дарови, а беше прережан и славски колач.





























Извор: https://eparhijaniska.rs
